Објавена снимка од испитувањето на масовниот убиец во Флорида, спомнува демони (ВИДЕО)

Американската полиција објави снимка од испитувањето на Николас Круз, кој во февруари оваа година во средното училиште во Паркленд уби 17 лица.

На снимката е евидентна нервозата на Круз. Спомнува гласови и демони кои му се појавиле по смртта на неговиот татко.

„Запали, убиј, уништи“, му зборувале гласовите, тврди 19-годишниот Круз.

Детективот му вели дека можел да ги спречи демоните ако сакал, на што Круз почнува чудно да се однесува и да си гледа во својата рака.

„Мислам дека твоите демони се само изговор. Зошто не сакаше да ги спречиш, иако си можел?“, го праша детективот.

„Сакав да ги спречам“, му одговори Круз со чудни гестови и мимика.

„Се однесуваш така, затоа што она што го кажувам има смисла, а тоа тебе не ти се допаѓа. Мислам дека ти ги сакаш своите демони“, додава тој.

„Сакам адвокат“, вели Круз на крајот од снимката и почнува агресивно да се чеша.

Круз е уапсен под обвинение за 17 убиства со предумисла. Ако биде осуден, ќе добие смртна казна или доживотен затвор.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе