„Луѓето крвареа од очите и ушите“

Објавена снимка од драматичен лет на Рајанер од Ирска кон Хрватска (ВИДЕО)

Над 30 патници кои со компанијата Рајанер летале во петокот на летот ФР7312 Даблин-Задар беа примени во болница во Германија откако авионот принудно слета во Франкфурт поради ненадеен пад на притисокот во кабината.

На некои од хоспитализираните патници им течела крв од очите и ушите, јави Би-би-си.

Од компанијата порачаа дека биле употребени маски за кислород и дека екипажот извел контролирано слетување.

Авионот за седум минути од висина од 8.000 метри се спуштил на 3.000 метри и во петокот околу 23.30 часот слетал на аеродромот Хан во близина на Франкфурт.

Еј-би-си на Твитер објави снимка од авионот во моментот кога се случил падот на притисокот.

Во авионот имало 189 патиници, од кои 33 биле хоспитализирани, а дел од нив решиле да не го продолжат патувањето, извести германската полиција.

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе