Објавена нова снимка од соборувањето на украинскиот авион: Испалени се две ракети за 30 секунди (ВИДЕО)

Њујорк Тајмс објави нова снимка од соборувањето на украинскиот Боинг 737 во Техеран, а како што наведува американскиот медиум, видеото е автентично.

На видеоснимката се гледа дека на растојание од 30 секунди се истрелани две ракети. Моментот на погодок е снимен од безбедносните камери на објект во Бидкане, село на четири километри оддалеченост од иранската воена база. Во нападот на авионот загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

Во саботата, командантот на Револуционерната гарда, Амир Али Хаџизаде, призна дека операторот на ракетите по грешка го „смешал“ авионот за крстаречките ракети.

Врховниот командант на Иранската револуционерна гарда, генерал мајор Хосеин Салами, изрази сочувство за нападот врз украинскиот Боинг 737 во средата, во кој загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

„Никогаш не сум се чувствувал толку засрамено во животот. Се колнам во животот на моите деца, посакувам да бев во тој авион и да изгорев со жртвите, наместо да го гледам тој трагичен инцидент“, рече Салами, посочувајќи дека оваа воена формација не сака ништо друго освен да го даде животот во одбрана на Иран и сонародниците.

Претседателот на земјата, Хасан Рохани, го повика својот украински колега Володимир Зеленски за да разговара за трагичното соборување на авионот со 176 патници и се извини во име на својата земја.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе