Објавена наводно последната снимка на Слободан Милошевиќ пред заминувањето во Хаг (ВИДЕО)

Српскиот новинар Стефан Цветковиќ објави видео-снимка на која се гледа поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, наводно пред префрлањето од Тузла во Хаг во 2001 година.

На снимката се гледа како Милошевиќ влегува во просторија, наводно во американската воена база Камп Игл во Тузла во БиХ, задно со лице во воена униформа.

По влегувањето, Милошевиќ е со полицаец со кој мирно разговара. Милошевиќ од стражарот побарал цигари и каге и добил вода да се измие, а и се распрашувал дали човекот кој се гледа на снимката планира да напише книга, на што овој му одговара – Не книга, туку сторија.

Не е јасно од каде му е снимката на контроверзниот новинар Стефан Цветковиќ, познат по тоа што наводно беше киднапиран пред една година, потсетуваат српските медиуми.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе