„А нашите мислат дека се богови“

Објавена фотографија од австрискиот премиер на комерцијален лет без телохранители (ФОТО)

На вчерашен лет на нискобуџетна компанија од Барселона кон Виена бил и австрискиот канцелар Себастијан Курц. Лежерно облечен во кошула и фармерки Курц како и секој друг патник го минал летот, освен што го привлекувал вниманието на другите патници, особено децата кои се фотографирале со него. Летот доцнел два часа а австрискиот функционер, кој патувал без каква било прудружба, чекал со останатите патници во економската класа и по патувањето сам си го земал багажот и си заминал, тврди Никола Грубишиќ за хрватскиот портал Индекс кој целата приказна ја објави на Фејсбук.

Тој постот го завршува со зборовите: „И сега повлечи паралела со нашите политичари кои си мислат дека се богови, човек да им е*е мајка на сите по ред...“

Австрискиот канцелар вообичаено патува со економска класа и на тој начин штеди пари од државниот буџет. Додека беше министер за надворешни работи само трипати ги користел луксузните авиони кои тамошната влада ги изнајмува.

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе

А кои се играчите на игрите на среќа? Во огромен број тоа се токму оние лица со просечни примања и пензионери

повеќе