Објавена е огромна студија за несаканите ефекти на Фајзер, Модерна и Џонсон & Џонсон

Не постои зголемен ризик од смрт од причини што не се поврзани со ковид-19 кај вакцинираните против болеста во споредба со невакцинираните, според големата студија на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведена на 11 милиони луѓе.

Фото: ЕПА

Дури, студијата покажала дека примателите на вакцини имале пониски стапки на смртност од различни болести неповрзани со ковид-19 отколку невакцинираните поединци, откако било спроведено приспособување во однос на возраста, полот, расата, етничката припадност и другите демографски карактеристики и местата каде што била спроведена студијата.

Во воведот на трудот авторите посочуваат дека некои случаи на смрт по вакцинацијата се пријавени во американскиот Систем за известување за несакани ефекти од вакцини (ВАЕРС). Ваквите настани може да бидат резултат на вакцинација, но не мора, бидејќи се очекува некои луѓе да умрат од различни причини во кој било период од неколку недели во годината, па и неколку недели по примањето на вакцината.

За да се знае дали постои врска помеѓу вакцинацијата и смртта, неопходно е да се спореди смртноста кај вакцинираната и невакцинираната популација од причини што не се поврзани со ковид-19, на пример, од срцев или мозочен удар. Треба да се очекува дека меѓу вакцинираните од ковид-19 ќе има помалку смртни случаи, што студијата и го потврдила - стапката на смртност била многу пати поголема кај невакцинираните.

Во групата на невакцинирани лица биле одбрани луѓе кај кои во рок од 30 дена од почетокот на студијата не била потврдена инфекција со ковид-19.

За да се обезбеди споредливо однесување во смисла на барање здравствена заштита меѓу оние што ја примиле вакцината и оние што не ја примиле, невакцинираните лица што ги исполниле условите биле одбрани меѓу оние што примиле најмалку една доза вакцина против грипот во последните две години. Така била избегната можноста причината за зголемената смртност кај невакцинираните да биде неспремноста да се бараат здравствени услуги, вклучително и неспремноста да се вакцинираат воопшто.

Кохортната студија била спроведена од декември 2020 до јули 2021 година меѓу 11 милиони луѓе вклучени во ВСД (Даталинк за безбедноста на вакцините).

ВСД е проект за соработка помеѓу Канцеларијата за безбедност на вакцинација на ЦДЦ и девет здравствени организации, а неговата улога е да собира електронски здравствени податоци, вклучително и информации за вакцините.

За да ја спореди смртноста во двете групи, тимот анализирал податоци од 6,4 милиони вакцинирани и 4,6 милиони демографски слични невакцинирани лица. Примателите на вакцини одобрени во САД, но и во Европа - Фајзер-Бионтек, Модерна и Џ&Џ - се покажало дека имаат помал ризик од смрт отколку невакцинираните.

По исклучувањето на смртните случаи поврзани со ковид-19, стандардизираната стапка на смртност (СМР) по првата доза била 0,42 за Фајзер-Бионтек и 0,37 за Модерна, и 0,35 и 0,34 по втората доза. Овие стапки биле пониски од стапката 1,11 кај споредливата група на невакцинирани. Меѓу примателите на вакцината Џ&Џ, вкупниот СМР бил 0,84, што повторно е пониско од стапката од 1,47 меѓу невакцинираната споредлива група.

Кај испитаниците на возраст од 12 до 17 години ризикот од смртност не се разликувал помеѓу оние што биле вакцинирани со вакцината на Фајзер и оние што не биле вакцинирани. Во текот на студијата, во оваа возрасна група се случиле 12 смртни случаи.

Врз основа на овие резултати, ЦДЦ препорача сите постари од 12 години да се вакцинираат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе