Со Зеленски

Објавен разговорот на Трамп поради кој му е покренат импичмент

Новообјавениот запис од Белата куќа покажува дека Трамп со украинскиот претседател разговарал за Џо Бајден, Руди Џулијани и за Роберт Малер.

Белата куќа објави детали од телефонскиот разговор помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега, кој ја поттикна истрагата за импичмент.

Записот покажува дека Трамп на 25 јули барал од Володимир Зеленски да отвори истрага за демократскиот кандидат Џо Бајден, чиј син работел за украинска гасна фирма.

Трамп негира дека ја блокирал американската воена помош за Украина како адут во обидот да дојде до валкани детали за својот политички ривал, Бајден.

Телефонскиот повик меѓу Трамп и Украина е дел од тужбата на американски свиркач.

Трамп во вторникот вети дека ќе биде објавен „комплетен, целосно декласифициран и нередактиран препис“ од разговорот на 25 јули.

Но деталите што денеска ги објави Белата куќа се белешки од разговорот направени од американските службеници што го слушале.

Според нив, Трамп му спомнува на Зеленски дека Џо Бајден, како потпретседател на САД, во 2016 година лобирал во Украина да биде отпуштен главниот обвинител Виктор Шокин. Кабинетот на Шокин отвори истрага за Буризма, компанија за природен гас, во која Хантер Бајден беше член на управниот одбор.

Други западни функционери бараа Шокин да биде отпуштен од работа поради перцепцијата дека е мек кон корупцијата.

Трамп во разговорот вели: „Онаа другата работа, многу се зборува за синот на Бајден. Дека Бајден го запрел судскиот процес и многу луѓе сакаат да дознаат за тоа, така што ако успееш да сториш нешто со јавниот обвинител би било одлично. Бајден насекаде се фалеше дека го запрел процесот, па ѕирнете го тоа. Мене ми звучи грозно“.

За време на разговорот Трамп од Зеленски бара и да стапи во контакт со американскиот јавен обвинител Вилијам Бар и со личниот адвокат на претседателот, Рудолф Џулијани, според белешките.

Републиканските пратеници се изненадени што Белата куќа одбрала да го објави овој запис од разговорот со Украина, особено откако Трамп инсистираше дека тој ќе го ослободи од вина. Претседателот дури утрово рече дека демократите ќе се „извинат“ откако ќе го видат.

Објавено

Среда, Септември 25, 2019 - 16:33

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе