Кај Милано

Обид за филмски грабеж во Италија, му поставиле заседа на возило полно со пари (ВИДЕО)

Група разбојници на автопат кај Милано му поставиле ноќна заседа на оклопно возило што превезувало неколку милиони евра, но возачот успеал да се пробие низ блокадата поставена од разбојниците - два камиони, запалени автомобили и шајки фрлени на патот.

Нападот се случил во вторникот вечерта на автопатот А1, кој ги поврзува Милано и Неапол, на околу 20 километри од Милано, објави денеска новинската агенција АНСА.

Оклопното возило се забило во два камиони поставени од разбојниците за да го блокираат патот, но возачот успеал да се извлече и да застане на блиската бензинска пумпа, каде што пронашол полициско патролно возило.

Возачот ги избегнал и преостанатите пречки поставени од криминалците: шајки и неколку запалени автомобили.

Три километри од автопатот неколку часа биле затворени за да можат властите да го расчистат патот.

Сообраќајот бил нормализиран околу 9 часот наутро.

Компанијата „Батистоли“, која е сопственик на оклопното возило, рече дека никој не е повреден, јави АНСА.

Сличен, исто така неуспешен напад се случи на истиот автопат во 2014 година.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе