Обид за бегство од затвор во Париз: симпатизерка на ИСИС ископала дупка во ќелија

Француските затворски чувари спречија обид за бегство од вториот по големина затвор во парискиот регион. Француските медиуми наведуваат дека се работи за жена, симпатизер на ИСИС, која ископала дупка во ѕидот.

Фото: ЕПА

Министерството за правда соопшти дека затвореничката била фатена во неделата наутро.

Чуварите веднаш ги прегледале сите женски ќелии во затворот Фреснес. Во тек е истрага, соопшти Министерството.

Телевизијата „Франс инфо“ објави дека жената била во затвор откако била во Сирија за да им се придружи на терористите на ИСИС.

Детекторите на движење ги предупредиле чуварите дека таа избегала од ќелијата, откако со помош на постелнината се спуштила низ дупката што ја ископала во ќелијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе