Обид за атентат на министер во Уганда, напаѓачите ја убиле неговата ќерка и возачот

Вооружени лица пукале на автомобил во кој се наоѓал угандски министер во обид за атентат, ранувајќи го поранешниот командант на војската и убивајќи ја неговата ќерка и возачот, соопштија портпаролката на војската и локалните медиуми.

Screenshot

Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возило во кое бил генерал Катумба Вамала, министер за труд и транспорт, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС.

„Пукаа кон него. Повреден е и пренесен во болница, а неговиот возач е убиен“, изјави за Ројтерс портпаролката на војската бригадирката Флавија Бјекваса.

„Двете рамења му се повредени“, изјави пратеникот Крис Бариомунси за НБС. Убиена е и ќерката на Вамала, која била со него во возилото, објави НБС.

Во последниве години, имало неколку неразјаснети атентати и неразјаснета смрт на високи функционери во таа источноафриканска земја што ги поттикна шпекулациите за сторителите и нивните мотиви. Меѓу жртвите биле пратеници, високи полициски службеници, највисок државен обвинител во земјата, високи муслимански лидери и други. Скоро сите напади ги извршиле вооружени лица на мотоцикли.

Обидот за убиство на Вамала се случува во истото предградие на главниот град каде во 2017 година вооружени мажи на мотоцикли испукале куршуми на возило во кое бил висок полициски службеник.

Тој полицаец Феликс Кавеса, бил убиен заедно со неговиот телохранител и возач.

Вамала потекнува од Баганда, најголемата етничка група во земјата. Непосредно пред нападот, Вамала на Твитер објави: „Ви посакувам месец на среќа, успех, мир, просперитет, добро здравје и богатство“.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе