Обид за атентат на авганистанскиот потпретседател, најмалку 10 мртви

Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во авганистанскиот главен град Кабул во средата, а мета на нападот бил првиот потпретседател Амрула Салех, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE/JAWAD JALALI

Салех, поранешен директор на авганистанските разузнавачки служби, го избегна нападот со полесни повреди на лицето и раката, рече тој.

На снимката непосредно по нападот се гледа густ црн чад над местото на настанот.

Експлозијата се случува воочи подготовките за првите формални преговори на авганистанските власти и талибанците.

Салех е гласен критичар на талибанците. Поранешниот шеф на разузнавачките служби преживеал неколку обиди за атентат, вклучително и оној од минатата година кога во неговата канцеларија загинаа 20 лица.

Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид на Твитер објави дека милитантната група не е одговорна за експлозијата.

Тарик Араин, портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи, рече дека целта на нападот била придружбата на Салех на пат кон работа.

Тој рече дека 10 цивили кои работеле во близина биле убиени, а 15 лица биле ранети, вклучувајќи и еден од телохранителите на Салех.

Говорејќи по експлозијата, Салех вети дека ќе ја продолжи својата политичка работа.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој се состана со Салех, го осуди нападот.

„Терористите и нивните странски помагачи не можат да ја поткопаат силната верба на народот во мир, демократија и светла иднина за нашата земја“, рече Гани во изјавата.

Делегацијата на Европската унија во Авганистан го осуди нападот, нарекувајќи го „очаен чин на непријателите на мировните напори, на кои заеднички мора да им се спротивставиме“.

Во наредните денови се очекува авганистанските власти да ги започнат долго одложуваните преговори со талибанците во Доха, во обид да се постигне политичко помирување по повеќегодишно крвопролевање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JAWAD JALALI

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе