Обезбедени повеќе од 2 милијарди долари за вакцини за сиромашните земји

Државите и приватните донатори вчера собраа близу 2,4 милијарди долари за програмата Ковакс за споделување на вакцини, проширувајќи ги напорите да ги направат вакцините против ковид подостапни за луѓето во посиромашните земји.

Фото: ЕПА

Објавите, дека островската држава Маурициус донирала 2.500 долари до тоа дека милиони долари и дози донирале побогатите земји, пристигнаа за време на видео состанокот чиј домаќин е Јапонија и Алијансата за вакцини ГАВИ, која со Светската здравствена организација ја води програмата Ковакс.

Собраните средства ќе му овозможат на Ковакс да обезбеди 1,8 милијарди целосно субвенционирани дози што ќе бидат доставени до земјите со пониски примања, во 2021 година и почетокот на 2022 година, што ќе биде доволно за да се заштитат 30 проценти од возрасните во тие земји, рече ГАВИ во соопштението.

„Направивме голем чекор кон еден заштитен свет“, рече Хозе Мануел Баросо, претседател на ГАВИ. Вкупните средства на ГАВИ со новото финансирање се зголемија на 9,6 милијарди, додаде тој.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга, чија влада собра дополнителни 800 милиони, го нарече резултатот „исклучително значаен чекор“ кон еднаков пристап до вакцина. Јапонија, исто така, ќе донира околу 30 милиони дози вакцини кои преку Ковакс се произведени во земјата, рече тој.

Мрежата Ковакс дистрибуирала 77 милиони дози во 127 земји од февруари, но поради зголемувањето на бројот на случаи ширум светот и ограничувањето на извозот на вакцини, мрежата некое време била оневозможена.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, чија земја донирала 15 милиони дози и 50 милиони евра, рече: „Водејќи се единствено по пример можеме да бидеме ефикасни во застапувањето на солидарноста“.

Австралија соопшти дека му дава на Ковакс дополнителни 50 милиони австралиски долари, додека Канада, Шведска, Франција и Швајцарија беа меѓу другите земји кои најавија нови донации.

Филантропот Бил Гејтс рече: „Земјите со високи примања резервираа повеќе вакцини отколку што им требаат. Без да ги компромитираат своите домашни планови за вакцинација, овие земји можат да бидат дел од напорот за глобален пристап до вакцини преку споделување на вишокот дози“.

„Ги охрабрувам овие земји да бидат отворени и што е можно поскоро да се вклучат во споделување на една милијарда дози во 2021 година, претежно преку програмата Ковакс на ГАВИ“, рече Гејтс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс подоцна најави 50 милиони долари донација за Ковакс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе