Обединетите нации предупредуваат на хуманитарна криза во БиХ

Координаторот на Обединетите назии за миграција Петер ван дер Оверарт изјави денес дека локалните власти во Босна и Херцеговина ги изложуваат емигрантите и бегалците на непотребни страдања.

EPA-EFE

Според него, тоа се случува и покрај тоа што имаат пристап до средства да им обезбедат соодветно сместување и помош.

Тој предупреди дека времето се влошува, а дека расте бројот на емигранти во БиХ кои престојуваат на отворено поради постојаните одбивања на властите на различни нивоа да ја координираат својата работа и да најдат единствено решение на државно ниво.

Претставникот на Меѓународната организација за миграции во БиХ кажа за Асошиејтед прес дека некои локални власти, наместо да ѝ помогнат на агенцијата на ОН да ги прошири капацитетите за сместување на емигрантите, дури го ограничуваат пристапот до сместувањето кое веќе постои.

Од околу 8.500 емигранти заглавени во Босна, 2.500 се приморани да спијат надвор „во шуми, напуштени згради и на улици“, главно во регионот Краина, која дели крајно порозна граница со Хрватска, членка на ЕУ во должина од 1.000 километри, наведува АП.

„Жално е што е тоа апсолутно непотребно во смисла дека ги имаме финансиските ресурси, обезбедни главно од ЕУ, да се згрижат овие луѓе“, кажа Ван дер Оверарт.

Како што објасни, еден центар во Краина е предвиден за 1.500 луѓе, а локалните власти дозволуваат сместување на само 500.

„Утре би можел од улицата да доведам 1.000 луѓе во центарот, но не ми е дозволено“, додаде тој.

АП пишува дека босанските власти не биле достапни за коментар.

Ван дер Оверарт вели дека БиХ има „неколку недели да се прибере“ да одлучи на државен начин да се позанимава со актуелната емигрантска ситуација.

„Ако не го направиме тоа, ќе имаме хуманитарна криза за еден месец, ќе имаме луѓе кои спијат на снег, вклучувајќи семејства и деца“, кажа Ван дер Оверарт.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе