Обама против Трамп: Излегувањето на САД од нуклеарниот договор е голема грешка

Поранешниот претседател на САД Барак Обама ја искоментира одлуката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран. Тој одлуката ја нарече сериозна грешка.

Администрацијата на Обама учествуваше во постигнувањето на договорот во 2015 со кој на Иран му беа укинати санкциите во замена за сопирање на развојот на нуклеарната програма.

Обама порача дека одлуката на Трамп за повлекување е погрешна, особено поради тоа што Иран го почитува договореното.

„Постојаното омаловажување на договорот кој нашата држава го потпиша ризикува загрозување на кредибилитетот на САД и нѐ става во конфликт со водечките светски сили“, предупреди Обама.

Според него, без тој договор Соединетите Држави на крајот би можеле да бидат ставени во негативен избор меѓу Иран вооружен со нуклеарно оружје и уште една војна на Блискиот Исток.

„Договорот со Иран останува модел на она што може да го постигне дипломатијата, вклучувајќи го и прашањето со Северна Кореја“, заклучи Обама.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе