Обама повика да се прекине републиканската опресија врз американските гласачи

Поранешниот американски претседател Барак Обама, во својот проштален говор за починатиот активист за човекови права Џон Луис во четвртокот остро ги критикуваше, како што рече, републиканските обиди на опресија кон гласачите.

EPA-EFE/ALYSSA POINTER

Луѓето на власт „ги напаѓаат нашите гласачки права со хируршка прецизност“, рече Обама, повикувајќи на сеопфатна реформа, јави Би-би-си.

Тој исто така го осуди полициското убиство на Џорџ Флојд и последователната употреба на сојузни агенти против демонстрантите кои се собраа во знак на протест против полициската бруталност против Афроамериканците.

Луис, кој почина од рак на 80-годишна возраст, бил еден од „Големите шестмина“ лидери во борбата за човекови права, меѓу кои бил и Мартин Лутер Кинг Џуниор, и помогнал да се организира историскиот марш во Вашингтон во 1963 година.

На неговото збогување присуствуваа и двајцата претходни претседатели, демократот Бил Клинтон и републиканецот Џорџ Буш, и двајцата оддадоа почит на неговата борба за човекови права, но актуелниот претседател Доналд Трамп не присуствувал на погребот.

Говорејќи на збогувањето во Атланта, Обама ја нападна администрацијата на Трамп и некои полициски оддели.

„Денес, со свои очи гледаме како полицајци држат колено на врат на црни Американци“, рече Обама. „Сведоци сме на тоа дека сојузната влада испраќа агенти да употребуваат солзавец и палки против мирни демонстранти“.

Луѓето во владата прават „најлоши работи за да ги обесхрабрат луѓето да гласаат“ со затворање на избирачки места и поставување „рестриктивни правила за идентификација“ за малцинствата и студентите.

Обама особено посочи на улогата на дописното гласање во услови на пандемијата на коронавирус. Претходно истиот ден, претседателот Трамп повика на одложување на претседателските избори во ноември, затоа што, според неговите тврдења за кои не понуди докази, дописното гласање ќе овозможи изборна кражба на гласови.

Обама исто така предложи серија реформи - да се осигура дека Американците автоматски се регистрирани да гласаат, да им се овозможи гласање на поранешни затвореници кои „заслужуваат втора шанса“, да се отворат нови избирачки места и претходно да се прошири гласањето така што денот на изборите да биде национален празник за работниците, кои тоа не го постигнуваат во работни денови, да можат да гласаат.

Тој, исто така, се залага луѓето во Вашингтон и Порторико да бидат подеднакво застапени како и другите Американци, со оглед дека заради својот специфичен статус, немаат претставници во Конгресот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALYSSA POINTER

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе