По повод убиството на црнецот под коленото на полицаецот

Обама: Ова не може да биде нормално во Америка во 2020

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави дека ќе ја испрати Националната гарда да ја „заврши работата како што треба“ доколку „слабиот“ градоначалник на Минеаполис не успее да воспотави ред, и навести употтреба на смртоносна сила доколку е потребно. „Ако се случат какви било тешкотии ќе ја преземеме контролата, а кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето“, напиша тој на Твитер.

EPA-EFE

Твитер го скри постот затоа што го „глорификува насилството“ и со тоа ги крши правилата на социјалната мрежа.

Твитот е скриен од јавноста, но, ако некој сака, може да види што напиша американскиот претседател, бидејќи компанијата смета дека тоа е во интерес на јавноста.

По повод смртта на 46-годишниот Афроамериканец Џорџ Флојд се огласи и поранешниот претседател на САД Барак Обама, кажувајќи дека земјата мора да создаде нова нормалност за Американците со обоена кожа. Тој кажа дека и покрај желбата на многу Американци да се вратат во нормала среде пандемијата, расната дискриминација е „очајнички“ нормална за луѓето со обоена кожа. „Тоа не би требало да биде новото „нормално“ во Америка во 2020. Тоа не може да биде нормално“, кажа Обама.

Тој ги повика Американците да се здружат и да создадат „нова нормалност“ за да го искоренат институционалниот расизам.

Претседателскиот кандидат на демократите Џо Бајден кажа дека е „гневен“ поради Трамповото глорификување на насилството.

На Џорџ Флојд пред смртта му се случила судбината на десетици милиони Американци за време на пандемијата – не работел и барал нова работа.

Тој пред неколку години се преселил од родниот Хјустон во Минеаполис, во надеж дека ќе најде работа и ќе почне нов живот.

Меѓутоа, ја изгубил работата како обезбедувач во еден ноќен клуб кога била воведена наредбата во Минесота за останување дома.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе