СТРАТЕГИСКИ И ПОЛИТИЧКИ

Обама ќе испрати американски воени советници во Украина да ѝ помогнат да си ја зајакне војската

САД, наводно, се подготвуваат да испратат тим од воени советници во Украина за да ѝ помогнат на земјата да се справи со кризата меѓу владата и проруските бунтовници.

Вашингтон тајмс објави дека портпаролот на американското Министерство за одбрана ги потврдил плановите Пентагон да испрати советници во Украина.

„Во следните неколку недели група претставници на Министерството за одбрана што се специјализирани за стратегија и политика ќе се упатат кон Киев за да ги оценат конкретните програми со кои САД ќе можат да помогнат“, напиша Вашингтон тајмс.

Армискиот полковник Стив Ворен, портпаролот на Пентагон, вели дека целта на испраќањето советници во странство е да се „обликува и да се воспостави трајна програма за идните американски напори за поддршка на украинската војска преку експертски тимови и долгорочни советници.“

Денеска Дејли бист, пак, напиша дека Киев од Пентагон побарал „деликатна опрема за попречување на радарите што руските антиавионски системи ги користат за нишанење на авионите.“

Полковникот Ворен за Дејли бист рекол: „Украинската влада побара помош, но ние нема да навлегуваме во детали за видот на бараната помош“.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе