Нуркач во близина на израелскиот брег пронајде меч од времето на крстоносните војни (ВИДЕО)

Меч стар околу 900 години, за кој се верува дека припаѓал на крстоносен војник, е пронајден од аматер нуркач недалеку од израелскиот брег.

Screenshot

Меч долг 1 метар е пронајден од Шломи Кацин и е предаден на властите.

Се смета дека мечот излегол на површината поради движењето на песокот. Израелската управа за антиквитети го проучува местото од јуни, но, како што велат, „артефактите тешко се откриваат бидејќи се појавуваат и исчезнуваат со движењето на песокот“.

Израелската управа за антиквитети соопшти дека мечот ќе биде јавно прикажан по чистењето и анализата.

Властите велат дека мечот е сочуван во совршена состојба и е прекрасно и ретко откритие кое очигледно му припаѓало на крстоносник.

„Возбудливо е да се сретнете со таков личен предмет, ве враќа 900 години наназад, во некое сосема друго време, во време на витези, оклопи и мечеви“, рече Нир Дистелфелд од Израелската управа за антиквитети.

Коби Шарвит, кој раководи со поморската археолошка единица на споменатата администрација, вели дека брегот Кармел, каде што е пронајден мечот, обезбедувал засолниште за бродовите за време на бурите низ вековите поморски активности долж брегот.

„Овие услови привлекувале трговски бродови со векови, оставајќи зад себе богати археолошки наоди“, вели тој.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе