Нуклеарниот тест на Северна Кореја бил толку силен што преобликувал планина (ВИДЕО)

Последниот нуклеарен тест на Северна Кореја веројатно бил двојно посилен отколку што првично се сметало, односно 17 пати посилен од бомбата фрлена врз Хирошима, пишуваат американските медиуми.

Нови сателитски снимки покажале дека тестирањето на хидрогенската бомба било доволно силно да урне околу 350.000 квадратни метри површина на врвот на планината под која било извршено тестирањето.

Снимките од планината Мантап пред и по тестот извршен на 3 септември покажуваат дека нејзиниот врв се урнал. Планината пред тестот била висока 2.205 метри, но таа висина видно се намалила по експлозијата.

Според првите процени, новиот нуклеарен тест имал јачина од 100 килотони, но новите податоци покажуваат дека станувало збор за дури 250 килотони.

„Новите снимки покажуваат дека експлозијата била многу поголема отколку која било друга во овој регион“, изјави Мелиса Ханам од Центарот за непролиферација (неширење на нуклеарното оружје). Снимките од претходните нуклеарни тестирања не покажуваа видливи знаци на промена на површината на планината.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе