По пренесувањето на масакрот во живо

Новозеландски фирми ги повлекуваат рекламите од социјалните мрежи

Низа новозеландски компании ги повлекоа денес огласите од социјалните мрежи по преносот во живот на терористичкиот напад врз џамиите во Крајстчерч на Фејсбук и објавата на расистичкиот манифест на напаѓачот на Твитер.

„Вестпак НЗ го суспендираше на неодредено време огласувањето на социјалните мрежи, вклучувајќи го Фејсбук. Ќе разговараме со социјалните медиуми за објавувањето штетни содржини“, соопшти австралиската банка на Твитер.

Вчера и Здружението на огласувачи на Нов Зеланд (АНЗА) и Советот за комерцијални комуникации објавија соопштение во кое ги поттикнуваат своите членови добро да размислат каде ќе ги потрошат своите пари за рекламирање.

„Настаните во Крајстчерч го отвораат прашањето – ако сопствениците на страниците можат да ги целат потрошувачите на огласите во микросекунди, зошто истата технологија не може да се примени за да се спречи пренос во живо на таков вид содржина?“, се вели во соопштението.

„Бараме од Фејсбук и другите платформи веднаш да преземат чекори за ефикасно да ги намалат содржините исполнети со омраза пред да се случи уште една трагедија кој во живо ќе се пренесува преку интернет“, се додава.

Фејсбук во неделата соопшти дека во првите 24 часа по нападот отстраниле 1,5 милиони снимки, од кои 1,2 милиони биле блокирани при самото постирање.

Главниот новозеландски цензор Дејвид Шенкс вчера официјално ја вклучи 17-минутната снимка во категоријата на непримерни содржини, што значи дека на Нов Зеланд е противзаконско да се гледа, споделува и поседува.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн им кажа на новинарите дека напаѓачот имал „низа причини за терористичкиот акт, а една од нив било привлекувањето на вниманието на јавноста“.

„Токму тоа апсолутно можеме да му го ускратиме. Можам да ви гарантирам дека нема да ме слушнете да го изговорам неговото име“, кажа премиерката.

28-годишниот Австралиец Брентон Тарант е обвинет за убиство на 50 луѓе и повредување на уште 50 во нападот што го изврши во петокот.

Триесет жртви и понатаму се во болниците во Крајстчерч, а девет од нив се во критична состојба.

Напаѓачот ќе остане во притвор до 5 април, а полицијата соопшти дека против него ќе бидат поднесени дополнителни обвиненија. Тој кажа дека сам ќе се брани.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе