Новозеландската премиерка сака да го спаси туризмот со четиридневна работна недела

Нов Зеланд на крајот на април го почна долгиот процес на релаксација на мерките на карантин поради пандемијата на коронавирусот.

EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

На граѓаните им беше дозволено да одат на работа, да нарачаат храна и пиење за надвор и да се собираат во мали групи.

Сега, за да го поттикнат туризмот, премиерката Жасинда Ардерн предложи идеја за воведување четиридневни работни недели.

Во текот на обраќањето преку Фејсбук, таа ги споредли своите мисли за скратување на работната недела, предложувајќи дека тоа би помогнало во јакнењето на активностите на домашниот туризам. Ардерн додаде и дека тоа би им помогнало на луѓето да најдат баланс во професионалниот живот.

„Доста луѓе ми сугерираа дека би требало да имаме четиридневна работна недела. На крајот, тоа навистина одговара на односнот меѓу работодавачот и работникот. Но, како што кажав, многу научивме за време на пандемијата и таа флексибилност на луѓето кои работат од дома, продуктивноста која може да се искористи од сето тоа“, кажа Ардерн.

Новозеландската премиерка објасни дека 60 отсто од туризмот во таа земја доаѓа од домашните патувања, па дополнителниот слободен ден кој работодавачите можат да им го дадат на своите работници да патуваат и да истражуваат по сопствената земја би можел да се покаже како клучно нешто за придвижување на националната економија.

„Навистина би ги поттикнала луѓето да размислуваат за тоа ако сте работодавач и ако можете тоа да го направите“, кажа таа и додаде:

„Размислете дали тоа е нешто што би ѝ користело на вашата работна заедница бидејќи сигурно би му помогнало на туризмот низ земјата“.

Идејата на Ардерн е и научно поткрепена. Си-ен-ен пишува дека во 2018 година компанијата Перпечуал гардијан во Нов Зеланд, која се бави со недвижности, спровела истражување сакајќи да утврди како четиридневната работна недела би се одразила на промените во општеството и економјата.

Две недели траел експериментот за време на кој компанијата открила дека сите нејзини вработени биле попродуктивни и дека напредувале во смисла на стресот во професионалниот живот. Ова истражување било толку успешно што компанијата почнала да размислува за тоа засекогаш да ја остави работната недела да трае само четири дена.

„Тоа беше само теорија, нешто што се обидов да го направам бидејќи сакам да создадам подобра работна средина за својот тим“, кажа Ендрју Барнс, основачот на компанијата Перпечуал гардијан.

„Рекацијата на луѓето на тој експеримент беше подобра отколку што можев да замислам“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе