Ројтерс

Новото тресење отвори дебата дали треба Меркел да ја „предаде штафетата“? (ВИДЕО)

Поради здравствената состојба на германската канцеларка Ангела Меркел во редовите на Христијанско-демократската унија се поставува важно прашање – за тоа дали таа треба да се повлече пред 2021 година, тврдат извори од партијата за Ројтерс.

Меркел вчера по трет пат беше видена како се тресе, при пречекот на финскиот премиер.

Канцеларката, кршејќи го протоколот, вчера седна за време на свечената церемонија со премиерот на Данска во Берлин.

И покрај тоа што Меркел инсистира дека се чувствува добро, во ЦДУ веќе се разговара за тоа кога би требало да ја „предаде штафетата’ на својата наследничка Анегрет Крамп Каренбауер, пренесува Ројтерс.

Меркел претходно најави дека нема да се кандидира на изборите по завршувањето на третиот мандат.

Таа во декември минатата година ѝ го отстапи местото претседателка на ЦДИ на Крамп Каренбауер.

Како што тврдат изворите на Ројтерс, поради состојбата на Меркел се доведува во прашање тоа дали договорот меѓу неа и наследничката ќе може да ја дочека 2021 година.

Британската агенција додава и дека Меркел нема историја на тешки болести, но дека е под притисок на медиумите да биде поотворена за својата здравствена состојба.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе