Нешнел интрест

Новото руско нуклеарно оружје е вистински апокалиптичен уред и е свртено кон Америка (ВИДЕО)

Ако не можеш да ги победиш, уништи ги.

Американското списание Нешнел интрест објави текст за руската нуклеарна подморница-крстосувач за стратегиска намена „Јури Долгоруки“, нарекувајќи го „апокалиптично оружје“.

Авторот потсетува на успешното лансирање на четири балистички ракети „булава“ од Бело Море на полигонот Кура кај Камчатка на крајот на мај минатата година.

„Булава“ има невообичаено плитка патека на лет, што го отежнува нејзиното пресретнување. Овие ракети од 40 тони можат да избегнат околу 40 удари од противвоздушната одбрана.

Споредувајќи ја руската подморница со слични подморници во САД, Кина, Франција, Велика Британија и Индија, списанието посочува дека Јури Долгоруки би можел да ја исполни својата мисија - уништување на градовите на непријателите, дури и ако другите нуклеарни сили се збришани уште со првиот напад.

Водечкиот брод на рускиот проект 955 „Бореј“ е најголемата модерна ракетна подморница за стратегиска намена на руската флота.

Осум подморници од класата Бореј се доволни за патролирање на Пацифичкиот и Арктичкиот Океан во исто време.

Сепак, вели Нешнел интрест, Бореј претставува само половина од идните морски нуклеарни сили на руската морнарица. Другата половина ќе дојде од уникатната флота од четири подморници на класата Каборовск, од кои секоја носи по шест нуклеарни дрона Посејдон, дизајнирани да препливуваат океански растојанија за да ги гаѓаат крајбрежните градови и поморските бази со мегатонски боеви глави.

Москва, се чини, во случај на нуклеарен конфликт би сакала да ги усоврши своите капацитети да ја збрише цивилизацијата ваква каква што ја знаеме, заклучува авторот.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе