Минувачи го слушнале плачот на бебето и се обратиле до надлежните служби. За да можат да стигнат до бебето, спасувачите ја ископале површината околу одводниот канал.
Болничарите веднаш го прегледале новороденчето и го пренеле во болница во Дурбан.
Лекарите изјавија дека бебето има блага хипотермија, губиток на телесна топлина, и дека имало неколку модрици и посекотини.
Полицијата спроведува истрага за тоа како девојчето дошло во градскиот одвод и кои ѝ се родителите.