Полицијата го убила напаѓачот?

Ново пукање во САД: убиени девет луѓе, 16 ранети (ВИДЕО)

Девет лица се убиени, а 16 ранети во ново пукање во САД, во сојузната држава Охајо, само неколку часа по смртоносниот напад во Тексас во кој беа убиени 20, а ранети 26 луѓе.

Напаѓачот отворил оган во Дејтон, а како што јавуваат локалните медиуми, убиени се најмалку девет луѓе. Медиумите јавуваат дека полицијата го убила напаѓачот, но тоа сѐ уште не е официјално потврдено.

Претставниците на полицијата во Дејтон засега не го објавија бројот на настрадани и повредени, туку дека се работи на случајот и ги советуваа граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.

Полицијата соопшти дека „активно го истражува инцидентот со напаѓачот“ во квартот Орегон.

На снимките од лице место се гледаат бројни возила на службите за брза помош, а според извештаите на социјалните мрежи пукањето се случило пред ноќен бар.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе