Ново писмо од француски војници: Во Франција се подготвува граѓанска војна

Објавено е ново отворено писмо во Франција во кое се предупредува на заканата од граѓанска војна и тврди дека има повеќе од 130.000 потписи од јавноста, јави Би-би-си.

EPA-EFE/STEPHANE MAHE

Во документот објавен во десничарскиот магазин Валор актуел, француската влада се обвинува дека направила „отстапки“ на исламизмот, пренесува Би-би-си.

„Се работи за опстанокот на нашата земја“, стои во текстот, кој војниците анонимно го издале, пред да наиде на поддршка од дел од јавноста.

Новото писмо е објавено како поддршка на првото писмо, објавено на 21 април, на 60-годишнината од неуспешниот државен удар против генералот Шарл де Гол поради неговата поддршка за независноста на Алжир.

Првото писмо, во кое се предупредува на „распадот" на Франција, е потпишано од голем број пензионирани генерали, како и најмалку 18 активни војници, вклучително и четворица офицери.

Француската влада го осуди писмото објавено од пензионираните генерали минатиот месец.

Министерката задолжена за вооружените сили Флоранс Парли тогаш рече дека генералите ќе бидат казнети за кршење на законот со кој на резервистите и активните војници им се забранува јавно да го искажуваат своето мислење за религијата и политиката.

Сепак, крајно десничарската лидерка Марин Ле Пен, кандидатка за претседателските избори во Франција следната година, пружи поддршка, како што се проценува, на околу 1.000 жени и мажи војници кои стојат зад тоа писмо.

Најновиот текст е објавен доцна синоќа во споменатото десничарско списание, иако не се познати ниту бројот, ниту чиновите на оригиналните потписници, кои само објавиле дека се активни припадници на војската.

Сепак, авторите на писмото се опишуваат себеси како припадници на помладата генерација војници кои служеле во Авганистан, Мали и Централноафриканската Република или учествувале во антитерористички акции на домашен терен.

„Дадоа сè за да се уништи исламизмот, а вие на наше тло му правите отстапки“, напишаа тие.

Во пораката, исто така, се критикува француската влада поради нејзината реакција на писмото од „старешините“ кои го потпишаа писмото минатиот месец: „Дали тие се бореа за вас за да овозможат Франција да стане пропадната држава?“.

„Ако овде започне граѓанска војна, војската ќе одржува ред на свое тло“, се вели во писмото.

„Никој не би ја сакал таа страшна ситуација - нашите старешини ништо повеќе од нас - но, да, граѓанска војна се подготвува во Франција, и вие тоа совршено добро го знаете“, се додава.

Франција неодамна предложи контроверзен закон како форма на борбата против како што рече претседателот Емануел Макрон, „исламскиот сепаратизам“, кој беше усвоен од француските пратеници во првото читање.

Сепак, некои критичари и во Франција и во странство ја обвинија владата за неправедно таргетирање на исламот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STEPHANE MAHE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе