Ново „чудо“ на Вучиќ: ваучери за летување во Србија за сите освен за „богатите“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека државата на граѓаните на Србија им дава ваучери во висина од 15.000 динари (околу 7.500 денари), а дека 200.000 лица имаат право на оваа помош.

EPA-EFE

Вучиќ кажа дека сите кои имаат право на пензија, работниците чии примања не надминуваат 70.000 динари месечно, студентите, воените инвалиди и цивилните инвалиди, невработените лица, како и многу други категории од населението, имаат право на ваучер во вредност од 15.000 динари.

„На тоа право имаат 200.000 луѓе. Ние сега даваме три милијарди во кеш. За 200.000 по 15.000 динари, само да поминат дел од одморот во Република Србија. Тоа го правиме за луѓето да се запознаат со сопствената земја, уште повеќе луѓе да ја засакаат Србија. Парите да останат во нашата земја. Причина за тоа е што повторно се разгоре ковидот, кој беснее по Медитеранот“, кажа Вучиќ. „Само за релативно богатите и богатите луѓе не ја одобривме оваа мерка“.

Најави дека ваучерот може да се искористи до 15 или 31 октомври, а кога ќе дојде сезоната на зимски одмори, „ќе се најдат нови пари и ќе ги молиме луѓето да не одат во Австрија на зимување“.

„Очекуваме ова да биде големо чудо“, кажа Вучиќ, додавајќи дека, ако интересот биле голем, правото на ваучери ќе биде одобрено за уште 100.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе