Новите американски авиони Ф-35 ја надлетаа Белата куќа (ФОТО+ВИДЕО)

Новите американски борбени авиони Ф-35 прелетаа низ воздушниот простор над Белата куќа вчера, за време на посетата на полскиот претседател Анджеј Дуда и во чест на одлуката на Полска да купи вакви авиони од САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно му најави на Дуда во Овалната канцеларија дека невообичаеното прелетување може да се случи. Белата куќа, пак, го најави на Твитер.

Прелетувањата над Белата куќа, над која воздушниот простор е забранета зона, се случуваат исклучително ретко. Американските власти потврдија дека Полска побарала да купи 32 повеќенаменски ловци Ф-35 во вторникот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе