На средба со Тачи

Новиот шеф на европската дипломатија Борел утре во Приштина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел утре, за време на посетата на Косово, ќе се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Борел ќе ја посети и Термоцентралата Косово Б во Обилиќ, за да ги најави работите кои ги финансира Европската Унија со 76,4 милиони евра, што испуштањето штетни гасови од таа термоцентрала ќе ги намали до 35 пати.

Подоцна во текот на денот Борел ќе го посети и историскиот дел на Призрен и ќе разговара со градоначалникот Мутахер Хаскук и претставниците на сите тамошни заедници.

Од Приштина Борел ќе отпатува во Белград.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе