Новиот претседател на Украина ја прекрши традицијата, пристигна пешки на инаугурацијата (ВИДЕО)

Глумецот Володимир Зеленски ја даде денес претседателската заклетва и со тоа стапи на челото на државата. Церемонијата беше одржана во парламентот во Киев, а Зеленски ја отфрли традицијата на пристигнување со колона возила и наместо тоа пристигна пешки, низ парк полн со луѓе.

Придружуван од четворица телохранители, Зеленски се ракуваше и се поздравуваше со присутните, а со еден и се фотографираше.

Популарниот комичар без политичко искуство на изборите убедливо го победи досегашниот претседател Петро Порошенко.

Првите најави дека Зеленски би можел да се кандидира на изборите се појавија пред неколку години, кога тој во телевизиска серија почна да го глуми претседателот на Украина.

Во своето инаугурациско обраќање, Зеленски побара од украинскиот парламент да ги смени шефот на украинската безбедносна служба, јавниот обвинител и министерот за одбрана. Тој додаде дека Киев ќе се обиде да ги врати „загубените“ територии, и дека мировниот договор со Донбас ќе мора да почне со враќање на украинските заробеници од истокот на земјата.

„Нашата прва задача е прекин на огнот во Донбас“, им порача зеленски на Украинците од Врховната рада. Тој истакна дека не се плаши да носи „тешки одлуки“ за да се постигне мир, но дека никогаш нема да се откаже од украинска територија.

„Спремен сум да ја изгубам својата позиција без двоумење ако тоа донесе мир – но без губење територија, никогаш“.

И покрај победата на изборите, комичарот кој стана претседател допрва треба да претстави детална платформа за својата администрација.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе