Новиот мерцедес ГЛЕ сака доминација над германските кросовери. Дали ја заслужува? (ВИДЕО)

Сосема новиот мерцедес-бенц ГЛЕ пристигна на пазарот „вооружен“ со цела низа технологии и модерен дизајн на надворешноста и внатрешноста, но најпрвин треба да се докаже против кросовер конкуренцијата во родната Германија.

Каруау ги спореди новиот ГЛЕ со БМВ икс5, ауди кју7 и фолксваген туарег, односно најдобрите премиум кросовери во моментов на пазарот.

Иако е најстар, кју7 останува зачудувачки конкурентен и покрај тоа што има застарена кабина во споредба со посвежите ривали. Сепак, неговиот квалитет останува меѓу најдобрите во сегментот.

Туарег ги дели најоглемиот број делови со кју-седумката и има блескав ентериер со голем екран на допир, но материјалите во внатрешноста делуваат поевтино од што би се очекувало. Меѓутоа, најголемиот кросовер од Волфсбург има најниска цена меѓу ривалите, па тоа може делумно да е оправдано.

Новиот икс5 доби голем број позитивни критики за висококвалитетниот ентериер и логичниот распоред на инструментите, па дури и за дизајнот. Тој е и единствениот кросовер во групата на кој му успева да овозможи релативно спортско доживување без да компромитира премногу од удобноста.

Што се однесува до ГЛЕ, успева да изгледа најсвежо во сегментот, но сепак има компромиси во квалитетот на користените материјали.

Значи, кој ја добива круната на најдобар германски премиум кросовер?

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе