Ласло Трочањ

Новиот комесар за проширување - Орбанов триумф над ЕУ

Дипломатски триумф за националноконзервативниот унгарски премиер Виктор Орбан: неговиот поранешен министер за правда Ласло Трочањи сега презема една од клучните функции во новата Европска комисија.

Со својот последен комесар во ЕУ унгарскиот премиер немаше многу среќа: Тибор Наврачич, припадник на старата гарда во партијата Фидес на Виктор Орбан и човек со умерен тон, како комесар за образование, култура, младина и спорт постојано претпазливо се дистанцираше од орбановскиот либерализам. Индиректно, но јасно, нагласуваше дека пред сè е обврзан кон институциите на ЕУ и задачите што ги врши како член на Европската комисија, пишува Дојче веле.

Овој пат Виктор Орбан одеше на сигурно: унгарската влада за функцијата комесар на ЕУ го номинираше поранешниот министер за правда Ласло Трочањи, човек што важи како неограничено лојален кон Орбан. Унгарија доби и една од мошне важните во јавноста функции, имено таа што е надлежна за проширување и соседска политика на ЕУ. За Орбан тоа е еден од најголемите дипломатски успеси во минатите години и речиси триумф над ЕУ – зашто Унгарија е соочена со постапката по членот 7 за почитување на принципите на правната држава во ЕУ. Освен тоа, членството на Фидес во Европската народна партија пролетоска е привремено суспендирано.

 

Непознат во странство

Сега Трочањи е комесар на ЕУ за проширување. Во странство овој 63-годишен правник досега беше речиси празен лист. И во Унгарија пошироката јавност до неговото именување за министер за правда речиси немаше ни слушнато за него. Тој одамна е еден од изразито национално-конзервативните припадници на кадровските резерви на Орбан. Специјалист за компаративно уставно право и правни прашања на европската интеграција во првата влада на Орбан од 1998 до 2002 година оствари кариера како дипломат и амбасадор во Брисел, а подоцна стана судија во Уставниот суд. Никогаш немал големи политички амбиции.

Трочањи не спаѓа меѓу јастребите на системот на Орбан и секогаш аргументира трезвено. Но не остава место за сомневања кога станува збор за неговите позиции. На пример, кога беше именуван за министер за правда, кажа дека актуелната правна филозофија на крајот на 20 век ја нагласува предноста на индивидуалните основни права. Но и дека постои постапување што им дава значење на интересите на заедницата и тој смета дека е важно да се хармонизираат индивидуалните и општествените интереси. Во практиката тој се погрижи унгарското спорно азилантско законодавство, законите против невладините организации, лекс ЦЕУ или пакетот „Стоп за Сорос“ да бидат до извесна мера правно кохерентни.

 

Унгарската влада: новото водство во Брисел треба да ја запре имиграцијата

Во заднината на сето тоа се раѓа прашањето колку Трочањи ќе му биде лојален на Брисел. Барем за унгарската влада, одговорот на ова прашање се знае: од новото бриселско водство се очекува да го запре доселувањето и да ја брани Европа составена од држави, како и христијанската култура, како што нагласи владата во една изјава. За овие вредности се бори и Трочањи.

Покрај сето тоа, функцијата комесар за проширување има дополнително значење за Орбан. Унгарија одамна се залага за брза интеграција на државите на Западен Балкан, меѓу нив пред сè на Србија и на Црна Гора. Орбан негува добри односи со водечките автократски политичари како што се Александар Вучиќ или Мило Ѓукановиќ. На поранешниот македонски автократ Никола Груевски, кој минатата година со бегство се спаси од затворска казна, Унгарија му даде азил.

Калкулацијата на унгарскиот премиер е следна: колку побргу Србија и Црна Гора пристапат кон Европската Унија, толку повеќе ќе зајакнат неговите позиции и позициите на другите земји од Вишеградската група – Полска, Чешка и Словачка. Затоа од Трочањи едно нешто не треба да се очекува; да ги тематизира големите дефицити на планот на демократијата и правната држава во регионот на Западен Балкан.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе