На положувањето на заклетвата

Новиот хрватски претседател го заобиколи протоколот, па парафразираше стихови ЕКВ (ВИДЕО)

Новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ малку го заобиколи протоколот при положувањето на заклетвата.

Претседателот на хрватскиот уставен суд Мирослав Шепаровиќ за тоа кажа дека за тој суд е најважно претседателот да се држи за она во што се заколнал.

Милановиќ, откако беше најавено свеченото давање заклетва веднаш почна да го чита текстот, а требаше да причека текстот на заклетвата да го повторува откако ќе го изговори претседателот на уставниот суд.

Шепаровиќ објасни дека, според протоколот, најпрвин требало да каже дека владата распишала избори, кога биле одржани, кои се резултатите од изборите и дури потоа да го покани претседателот да ја потпише заклетвата.

Милановиќ стана петти хрватски претседател, а за време на својот инаугурациски говор ја парафразираше песната на култниот бенд ЕКВ „Земља“.

„Ова е куќа за нас. За сите нас. За сите нас кои сме тука, за генерациите кои доаѓаат, и за оние кои доаѓаат и за оние кои ќе се вратат во својата куќа“, кажа Милановиќ пред да имс е заблагодари на сите и да заврши со „Да живее Хрватска“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе