Новиот број на Шарли ебдо распродаден за 30 минути (ФОТО)

Францускиот весник Шарли ебдо го објавил првиот број откако во терористичкиот напад врз нивната редакција загинаа 12 луѓе, а на насловната страница е карикатура на муслиманскиот пророк Мухамед со пораката „Сѐ е простено“.

Сатиричниот весник чиј редовен тираж е околу 60.000 примероци овој пат е испечатен во три милиони примероци, а во Франција бил распродаден за половина час, јавува Франс прес.

„Беше неверојатно. Пред киоскот чекаа 60-70 луѓе пред да отворам. Никогаш не сме виделе нешто вакво, сите 450 примероци ги продадов за 15 минути“, изјавила работничка во киоск во Париз.


На насловната страница на новиот број е нацртан пророкот Мухамед со солза во окото, кој држи натпис „Јас сум Шарли“, а над него пишува „Сѐ е простено“.

Се верува дека претходното објавување на карикатури со ликот на Мухамед е една од причините за нападот на терористите врз редакцијата.


Новиот број е испечатен и на англиски, шпански, италијански, арапски и турски јазик.

Дистрибутерот на весникот Шарли ебдо кажал дека новиот број ќе биде допечатен и дека вкупниот тираж ќе биде околу пет милиони.

Неколку светски медиуми објавиле текстови за тоа како може да се дојде до примерок од весникот, а многумина препорачале луѓето да се претплатат на весникот по цена од 180 долари, за да добијат примерок.


„Не можам ништо да ви ветам, ми се јавија буквално куп луѓе. Не знаеме колку примероци ќе добиеме и решивме да не правиме резервации“, изјавила Мирјам Бриден, менаџерка на француската книжарница Албертин во Њујорк.

Веројатно најсигурната варијанта е сајтот Ибеј, на кој примероците нарачани во претпродажба можат да се купат за околу 100 долари.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе