Новинарките што известуваа од белградските улици станаа хит на социјалните мрежи (ФОТО+ВИДЕО)

Репортерките на Н1 телевизија Јелена Зориќ, Татјана Алексиќ и Жаклина Таталовиќ синоќа со часови известуваа од речиси невозможни услови од белградските улици.

Screenshot

Околу нив летаа солзавец, шишиња и камења, а во еден момент телевизиската екипа избегна автомобил кој со голема брзина се залета кон нив и демонстрантите. Полицијата во еден момент се обиде да ги спречи да снимаат како ги тепа демонстрантите, но тие заедно со снимателите Вук Мијаровиќ, Александар Цвркотиќ и Вук Дапчевиќ продолжија да си ја работата работата.

Фотографијата на Јелена Зориќ на која од местото на настанот известува со очи отечени од солзавец ги преплави социјалните мрежи, а многумина ја прогласија за „дефиниција на вистинското новинарство“.

„Јелена Зориќ од Н1, многу уверлива и храбра. Сѐ најдобро во новинарска смисла, таа ја извлече вечерта!“, гласи еден од коментарите.

Таа за порталот Нова.рс откри како сето тоа изгледало од нејзина перспектива.

„Сѐ уште ме боли главата од солзавецот, но можам да кажам дека единственото што сакав, и се надевам успеав, беше да известувам професионално, објективно и непристрасно“, вели Јелена Зориќ.

Неа, како што кажа, не ѝ било страв ни кога нештата излегоа од контрола.

„Кога ја избирате таа професија не размислувате многу за стравот, ни снимателот на размислува за стравот“, вели Јелена. „Тоа што луѓето го забораваат е дека новинарот е шефот на тимот, но во таквите ситуации снимателот е сѐ. Дури и ништо да не зборував, сликата зборуваше за себе. Мене синоќа ми беше чест да работам со Александар Цвркотиќ и се трудев достоинствено да го следам“, истакнува новинарката.

Протестите беа поттикнати од вчерашната најава на српскиот претседател Александар Вучиќ за воведување полициски час поради влошената епидемиолошка ситуација, и, како што кажаа дел од демонстрантите, општото незадоволство од состојбата во таа земја.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе