Новинарката на Ал џезира веројатно ненамерно е убиена од израелски војник

Израелски војник веројатно ја убил Палестинката Ширин Абу Аклех, новинарка на Ал џезира, за време на рација на окупираниот Западен Брег но нема докази дека намерно нишанел кон неа, покажуваат резултатите од едномесечната истрага објавена од Њујорк Тајмс.

Фото: ЕПА

Американскиот весник објави детална анализа за вооружениот конфликт во Џенин во мај и заклучи дека „куршумот што ја уби Ширин Абу Аклех бил испукан од приближна локација на израелски воен конвој и најверојатно бил испукан од војник од елитната единица“.

Весникот не најде доказ дека лицето кое пукало ја препознало Абу Аклех и се насочило кон неа, и додаде дека не може да се заклучи дали стрелецот ја видел неа и нејзините колеги како носат заштитни елеци со знакот „Прес“.

Според извештајот на весникот резултатите од истрагата се во спротивност со некои од тврдењата на Израел, пренесоа израелските медиуми.

„Доказите што ги прегледа Тајмс покажуваат дека околу неа немало вооружени Палестинци кога била погодена. Ова е во спротивност со израелските тврдења дека ако војникот ја погодил по грешка, тоа се случило затоа што пукал во вооружени Палестинци“, пишува Њујорк Тајмс.

Истрагата на весникот покажува и дека од местото каде што бил израелскиот конвој биле испукани 16 куршуми, а тоа не се совпаѓа со израелските тврдења дека војникот испукал пет куршуми во правец на новинарите. Долгогодишната новинарка на Ал џезира, која имаше и американско државјанство, беше застрелана во главата на 11 мај а нејзиното убиство предизвика осуда ширум светот.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе