Рим

Новинарка го замоли Помпео да му однесе на Трамп парче пармезан (ВИДЕО)

На почетокот, сè изгледаше како нормална можност за фотографирање на американскиот државен секретар, Мајк Помпео и италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Сепак, во еден момент, свечениот момент го прекина италијанска новинарка со парче италијански пармезан и порака за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Имам подарок за вас - италијански подарок. Премиерот знае за што зборувам. Ова е пармезан Реџиано и ова е она што го правиме најдобро во Италија", рече Аличе Мартинели, додека Помпео љубезно го прими автентичното италијанско сирење, пренесе Вашингтон пост.

Сепак, на Конте не му се допадна целата ситуација.

„Може ли да побарам од дамата да се повлече, ве молам?", рече Конте.

„Би ви била благодарна доколку и вие помогнете“, му одговори новинарката на Конте.

„Не грижете се, ја работам јас својата работа“, рече Конте.

„Однесете му го на господин Трамп, ве молам, и кажете дека го правиме сесрдно, ве молам“, му рече таа на Помпео, додека припадници на безбедносните служби интервенираа за да ја испратат од сцената.

Мартинели, која работи како новинарка за сатиричниот весник Лене, подоцна за Вашингтон пост објасни дека била таму за да пренесе порака: италијанските млекари се загрижени поради високите такси на Трамп за европските прехранбени производи, вклучително и за вино и сирење, што би резултирало во загуба на повеќе милијарди долари.

А Италија сериозно се грижи за своето сирење: пармезанот Реџиано внимателно се произведува според строги правила во само 330 млекари во Италија.

„Мојот гест беше поврзан со даноците“, рече Мартинели во телефонската изјава за Вашингтон пост.

Таа го носела сирењето во својата торба и ја поминала контролата без никој да забележи.

Мартинели верува дека Помпео ја примил нејзината порака на добар начин.

„Се чинеше среќен поради тоа - се смееше цело време“, рече таа.

Конте, сепак, не беше толку весел.

Тој го зеде сирењето старо 30 месеци од Помпео и му го даде на еден асистент.

„Да објаснам, ова е начин да докажете дека сте Италијанец“, рече Конте додека Помпео се смееше.

„Ова е добро (сирење)“, рече Конте, покажувајќи на пармезанот.

„Не се сомневам во тоа“, одговори Помпео, галејќи се по стомакот додека двајцата се смееле.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе