Москва

Новинарка: Дали Русија сака да владее со светот? Путин: Се разбира (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин на прашањето на новинарка од Волстрит журнал дали Русија сака да владее со светот, иронично одговори „се разбира“.

Новинарка од Волстрит журнал му рече на Путин дека на Запад многумина ја гледаат Русија како закана, па дури мислат дека тој, како претседател на Русија, сака да владее со светот, па рече дека сака да знае дали навистина е така.

„Па, се разбира“, со насмевка одговори Путин.

Знаеме каде е центарот кој се обидува да управува со светот, а тој не се наоѓа во Москва, рече Путин на годишната конференција.

„Тоа е поврзано со водечката улога на САД во светската економија и вложувањето во одбрана. САД трошат повеќе од 700 милијарди долари во одбрана, а ние 46 милијарди долари. И вие мислите дека нашата цел е да владееме со светот“, со прашање врати Путин.

Ставот дека Русија сака владее со светот го нарече „клише наметнато од западното општество“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе