Новинари на Ројтерс погодени со гумени куршуми на протест во Минеаполис (ВИДЕО)

Двајца членови на телевизиска екипа на Ројтерс добиле синоќа во Минеаполис повреди со гумени куршуми кои ги испукала полицијата додека ги снимале протестите против полициската бруталност.

EPA-EFE

Инцидентот се случил откако припадници на безбедносните сили, набрзо по почнувањето на полицискиот час, упаднале меѓу 500 демонстранти собрани на југозападот на градот.

На снимката се гледа полицаец кој нишани директно во снимателот додека негови колеги испукуваат гумени куршуми и фрлаат солзавец за да ги разбркаат демонстрантите.

„Полицаецот што го снимам се врти и ја насочува својата пушка со гумени куршуми право во мене“, изјави снимателот Хилио Цезар Чавез.

Неколку минути подоцна Чавез и советникот за безбедност на Ројтерс Родни Сјуард ги погодиле гумени куршуми при снимање од блиска полициска станица.

На снимката, направена додека се обидувале да се засолнат, се слушаат неколку истрели, а Сјуард вика: „Гумен куршум ме погоди во лице“.

На новинарското прашање за инцидентот портпаролот на полициската управа на Минеаполис Џон Елдер побара копија од снимката и не сакаше веднаш да ја коментира.

Двајца вработени на Ројтерс добиле повреди на рацете, а Чавез бил погоден и во вратот..

Јасно било дека и двајцата, и Чавез и Сјуард, се новинари, бидејќи Чавез имал камера и околу вратот носел прес-картичка, а Сјуард носи панцирен елек на кој има прес-картичка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе