Според турските медиуми

Новинар разговарал со саудискиот принц на телефон пред да биде убиен (ВИДЕО)

Турскиот прорежимски весник Јени шафал објави дека саудискиот принц престолонаследник Мохамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги непосредно пред дисидентот да биде убиен и наводно распарчен во саудискиот конзулат во Истанбул.

Прорежимските весници објавија низа приказни за наводни докази за убиството на новинарот, како и фотографии на петнаесет убијци кои пристигнале до Саудиска Арабија за да се пресметаат со новинарот.

Вајс пред неколку дена ја посетиле редакцијата на турскиот весник Јени шафак, при што уредниците им ги опишале мачните снимки кои ги добиле најверојатно од турската тајна служба која го надгледува спорниот конзулат.

Според весникот, новинарот Кашоги пред кобната посета бил во саудискиот конзулат каде бил пристојно пречекан, му бил понуден чај, а потоа му била закажана следна средба за да ги добие документите за венчавка.

Кога следниот пат дошол во конзулатот, му била подготвена замка.

Новинарот бил опкружен, задржан на сила и потоа му дале телефон.

„Кашоги го уапсил саудискиот тим во објектот на конзулатот, а потоа принцот Мохамед разговарал со Кашоги на телефон и му кажал да се врати во Ријад“, се вели во извештајот на турскиот весник.

Тие тврдења се спротивни на изјавите на саудиските власти кои вчера изјавија дека „Мохамед бин Салман не учествувал во убиството на Кашоги“.

„Кашоги ја одбил понудата на принцот од страв дека ќе биде уапсен и убиен ако се врати во Саудиска Арабија. Тимот убијци потоа го убиле Кашоги откако ја одбил понудата на принцот“, се тврди во извештајот на Јени шафак со кој се сака да се оспори отфрлањето на одговорноста на саудиските власти и нивниот актуелен владетел.

Саудиските власти признаа дека Кашоги бил убиен во конзулатот „по грешка“, спротивно на претходните негирања и тврдењата дека новинарот заминал од конзулатот жив.

Саудиските власти за да ја отфрлат одговорноста соопштија дека смениле пет високи функционери и уапсиле уште 18 лица поврзани со истрагата за убиството.

Кашоги пред доаѓањето на принцот Мохамед на власт бил близок до саудиското кралско семејство, кога почнаа апсењата на нивни членови, замина во самонаметнат егзил во САД. Од таму во колумни за Вашингтон пост остро ги критикуваше потезите на принцот.

Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека во вторник ќе ги објави деталите за случајот на состанок на својата Партија на правдата и развојот (АКП), јави Јени шафак.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе