Додека новинарите излегувале од состанокот на советот за конкуренција на Бајден, дописникот од Белата куќа Питер Дуси довикнал дали може да постави прашање за инфлацијата и дали е тоа политичка одговорност, пренесува агенцијата Ројтерс.
„Тоа е голема предност, поголемата инфлација“, саркастично одговорил Бајден на вревата на новинарите кои довикувале прашања, очигледно не сфаќајќи дека микрофонот му е сè уште вклучен.
„Колку глупав кучкин син“, додал Бајден.
Потрошувачките цени во САД драстично пораснаа во декември, што резултираше со најголемиот годишен скок на инфлацијата во речиси четири децении.
Меѓутоа, помалку од еден час по инцидентот, Бајден му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека коментарот „не бил ништо лично“.
Бајден ја презема функцијата претседател пред една година ветувајќи дека ќе заземе тврд став кон секое непочитување меѓу членовите на неговата администрација, потсетува Ројтерс.