Нови тензии на САД и ЕУ околу Косово (ВИДЕО)

Несогласувањата меѓу европските и американските функционери добиваат на замав.

EPA-EFE

Особено откако синоќа остри меѓусебни пораки разменија специјалнот претставник на американскиот претседател Ричард Гренел и известувачката за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон.

Крамон не им верува на изјавите на специјалниот претставник на САД за дијалогот на Косово и Србија Гренел дека идејата за размена на територии не му припаѓа на американскиот претседател Доналд Трамп, туку на неговиот поранешен советник Џон Болтон.

Крамон ова тврдење на Гренел го нарече бајка.

Во остриот одговор на постот на градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети на Твитер, Крамон кажа дека лидерите на Косово мора сериозно да ја сфатат надворешната политика.

„Синоќа Ричард Гренел кажа дека размената на територии меѓу Косово и Србија е идеја на Џон Болтон и лобирачи па сега мора да се бори против шпекулациите дека тоа не е политика на Доналд Трамп. Кога бев задолжен за преговарачкиот тим, ниеден претставник на САД никогаш не спомна размена на територии“, напиша Ахмети.

Во одговорот на тоа, Крамон кажа дека народот повеќе не треба да дебатира за тие прашања, но дека е дојдено време да се сфати сериозно надворешната политика.

„Секако дека е Џон Болтон виновен што луѓето зборуваат за размена на територии. Сега кутриот Ричард Гренел мора да се бори против овие шпекулации... Ма ајде. Оставете ги настрана овие приказни. Конечно треба сериозно да се зафатите со надворешната политика. Дојде времето“, напиша таа.

Крамон праша и дали имало резултат од „неговата работа“ на договорите за авионски и железнички сообраќај, и дека не може да најде ниту еден (резултат).

Следеше одговорот на Гренел, кој ѝ порача на Крамон дека наместо да критикува, треба да се занимава со прашањата за кои е надлежна, како визната либерализација за Косово.

„Виола, наместо да критикувате сѐ што прави Трамповата администрација за нормализација на економиите на Косово и Србија, зошто не се фокусирате на единственото што требаше да го направите – либерализација на визите за Косово. Им се жалите на другите веќе 20 години. Сработете го својот дел“, порача Гренел.

Оваа размена доаѓа неколку дена пред средбата на претставниците на Косово и Србија во Вашингтон, која е најавена за 27 јуни.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе