Нови случаи на коронавирус во Кина, некои се поврзани со пазар во Пекинг

Пекинг објави дека ќе го одложи враќањето на учениците во основните училишта откако во кинеската престолнина се појавија нови случаи, први по два месеци без инфекции, а денес е затворен и пазар поврзан со новите случаи.

Фото: Јутјуб

Во Пекинг, 11 населби се ставени под карантин поради појава на нови жаришта на коронавирус на пекингшки пазар, објавија кинеските власти.

Кина во голема мерка ја стави заразата во земјата под контрола, а повеќето случаи во последните месеци била меѓу прекуморски патници кои се враќале дома.

Денес се пријавени вкупно 11 нови случаи на ковид-19 и седум асимптоматски случаи. Пет од ново-регистрираните случаи на ковид-19 биле патници од странство. Во Пекинг се забележани шест случаи на локален пренос на болеста.

Во Кина од ковид-19 вкупно се разболеле 83.075 луѓе, а починале 4.634 лица.

Легенда под Главна слика

Фото: Јутјуб

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе