Нови случаи на корона во североисточна Кина, три милиони луѓе во изолација

Кина денес стави во изолација уште три милиони жители на североистокот од земјата по појавувањето на нови случаи на ковид-19 поврзани со трговец што бил во контакт со постари лица.

Фото: ЕПА

Кинеското Министерство за здравство денес пријави уште 109 новозаболени од ковид-19, од кои скоро една третина се наоѓаат во провинцијата Џилин, која се граничи со Северна Кореја.

Како резултат на тоа, локалните власти наредија изолирање дополнителни три милиони жители во два града во провинцијата - Гонгџулинг и Тонгхуа.

Со таа бројка, на повеќе од 19 милиони луѓе во североисточна Кина им е забрането да ги напуштат своите домови. На некои им е дозволено да одат во продавница само на секои три дена.

Следејќи ја трагата на синџирот на зараза во Џилин, властите дошле до трговец од соседната провинција Хеилонгџианг, која се граничи со Русија и каде што минатата недела властите прогласија „вонредна состојба“.

Продавачот посетил неколку места каде што се рекламираат здравствени производи за стари лица, кои се ризична категорија за ковид-19, според локалните власти.

Карантинот беше делумно укинат во северната провинција Хебеј, која го опкружува Пекинг и каде што во последните неколку недели се регистрирани повеќето нови домашно пренесени случаи на инфекција.

Околу 12,5 милиони Кинези во таа провинција сè уште се во изолација.

Кинеските власти во пролетта 2020 година главно ја искоренија епидемијата благодарение на карантините, проверката на патниците што доаѓаа од странство, следењето на движењата и масовното тестирање.

Појавата на стотици нови случаи на инфекција во последните неколку недели, иако тие бројки се далеку од нивоата достигнати во Европа или САД, предизвика силна реакција, со карантини и големи кампањи за задолжително тестирање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе