Нови протести во Хонг Конг поради кинескиот закон со кој би се ограничиле слободите (ФОТО+ВИДЕО)

Стотици луѓе се собрале во центарот на Хонг Конг за да изразат несогласување со нацрт законот со кој Пекинг на тој кинески полу-автономен регион сака да му наметна контроверзен закон за национална безбедност.

Фото: ЕПА

Полицијата ги предупреди демонстранти за нелегалноста на нивниот собир со оглед на правилото за групирање на најмногу осум лица на едно место со цел ограничување на ширењето на коронавирусот и ги повика демонстрантите да се разидат.

Агенцијата Франс Прес пренесува дека полицијата фрлила солзавец на нив.

„Ова е почеток на крајот и времето навистина истекува за Хонг Конг и тоа е нашата причина, дури и во момент на зараза со ковид-19. Мора да собереме сили за протести“, рече демократскиот активист Џошуа Вонг.

Во нацрт-законот за национална безбедност, според кој во Хонг Конг би се воспоставиле кинески разузнавачки агенции, Пекинг сака да го заобиколи законодавниот совет на Хонг Конг, пишува Ројтерс.

Овој документ ги зголеми стравувањата за судбината на формулата „една земја, два система“ што владее во Хонг Конг, откако британската колонија е вратена во кинеска власт во 1997 година.

Овој аранжман му гарантира на Хонг Конг широки слободи кои ги нема во континентална Кина, вклучително и слобода на печатот и независно судство.

Властите во Пекинг и Хонг Конг тврдат дека предложениот закон е потребен и нема да ѝ наштети на автономијата на Хонг Конг.

„Овие радикални барања и насилство се крајно загрижувачки“, рече шефот на администрацијата Метју Ченг, мислејќи на протестите против предложениот закон, како и на минатогодишните антивладини демонстрации што од јуни со месеци се одржуваa.

Мала група луѓе протестираа и пред канцеларијата за односи во Пекинг, извикувајќи „Законот за национална безбедност го уништува два система“.

Некои локални коментатори го опишуваат предлог-законот како „нуклеарна опција“ што е дел од планот на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Во саботата, околу 200 политичари од целиот свет во соопштение изјавија дека предложениот закон е „сеопфатен напад“ врз автономијата на Хонг Конг, на владеењето на правото и основните слободи.

Кина рече дека тие поплаки се мешање во нејзините внатрешни работи и ги отфрли стравувањата дека предложениот закон може да им наштети на странските инвестиции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе