Нови правила во Њујорк: Или вакцинирајте ги децата или испишете ги од училиште

Исклучоци од вакцинирањето поради религиски уверувања во американската сојузна држава Њујорк повеќе не се возможни и 26 илјади деца и нивните родители ги очекува избор – вакцинирање или испишување од училиште, пишува Њујорк тајмс.

Кон средната на јуни годинава гувернерот на сојузната држава Њујорк Ендрју Куомо потпиша закон со кој се укинуваат сите исклучоци од вакцинирањата кои не се предизвикани од медицински причини.

Жаклин Венс Полс е мајка на четири деца. Едниот син веќе ѝ е исфрлен од приватно училиште, а и на останатите им се заканува исфрлање од јавните училишта во кои се запишани.

Причината за тоа е што Вен Полс не го почитува новиот закон кој беше донесен како реакција на епидемијата на сипаници.

И покрај тоа што бројни студии покажуваат дека нема поврзаност меѓу аутизмот и вакцините, таа верува дека токму вакцините придонеле на развојот на аутизмот кај нејзиниот четиринаесетгодишен син.

Освен тоа, како аргумент ја навела и Библијата која забранува „да се уништува телото“, а таа верува дека вакцините го прават токму тоа.

Според новиот закон, сите деца мора да почнат со вакцинирање во првите две недели од почетокот на школската година, а сите вакцини мора да ги примат до нејзиниот крај. Во спротивно, нивните родители мора да им обезбедат домашно образување или мора да се отселат од државата Њујорк.

Њујорк е едвај петтата сојузна држава во САД која оневозможи немедицински исклучоци од вакцинирање.

Епидемијата на сипаници е при крај, а од нејзиниот почеток се забележани над илјада случаи во државата Њујорк.

Во голем број случаи болеста е дијагоностицирана кај невакцинираните деца на хасидските Евреи, каде нивото на вакцинираност е далеку пониско од државниот просек.

И покрај падот на бројот на зарази, експертите предупредуваат дека со почетокот на школската година оваа болест би можела да се врати, особено ако падне нивото на вакцинираност.

„Сѐ уште постои закана имајќи ја предвид појавата на болеста во САД и низ светот. Нашата најдобра одбрана против повторна епидемија е добрата вакцинираност“, изјави д-р Оксирис Барбо, њујоршката комесарка за задрваство.

Д-р Дениел Салмон, директорот на Институтот за безбедност на вакцинирањето на Џон Хопкинс за јавно здравство, истакна дека несигурноста околу вакцинирањето не е само маргинална појава.

Тој наведе дека според студија од 2011, дури 30 отсто од американските родители се загрижени дека вакцините може да предизвикаат тешкотии во учењето.

Сепак, дел од родителите бараат нивните деца да не бидат во одделенија со невакцинирани деца, вели Лорна Луис, главна управителка на централниот школски комплекс на Лонг Ајленд.

„Во комплексот има 5.000 ученици. Ако има само 10 со родители кои цврсто се противат на вакцинирањето, имам 4.990 за чија безбедност морам дополнително да се грижам“, додаде Луис.

Таа заклучи дека треба да се води сметка за интересот на сите во општеството, а новиот закон го прави токму тоа.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе