Нови податоци за вакцината

Фајзер останува со ефикасност над 91 процент, заштитува од јужноафриканската варијанта

Фајзер и Бајонтек објавија дека нивната вакцина против ковид-19 е околу 91% ефикасна во спречување на болести, повикувајќи се на ажурирани податоци за вакцинираните, од кои некои ја примиле вакцината пред шест месеци.

Фото: ЕПА

Вакцината била 100 проценти ефикасна во спречување на заболувања меѓу учесниците во Јужна Африка, каде доминира нова варијанта на вирусот, Б1351, иако бројот на учесници во студијата е релативно мал - 800.

Новиот податок за ефикасноста од 91,3 проценти е понизок од 95 проценти, како што првично беше објавено во ноември, во студија спроведена на 44.000 луѓе, но оттогаш вирусот мутирал и денес циркулираат неколку варијанти на ковид-19.

Алберт Бурла, извршен директор на Фајзер, рече дека ново ажурираните податоци вклучуваат повеќе од 12.000 лица кои биле целосно вакцинирани најмалку шест месеци и дека производителот стекнал основа да може да побара конечно одобрување од американскиот регулатор.

Вакцината сега се користи под привремено одобрение доделено од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА).

Резултатите од испитувањето „ги даваат првите клинички резултати дека вакцината може ефикасно да штити од варијанти на болести кои моментално циркулираат, што е критичен фактор за стекнување колективен имунитет и завршување на оваа пандемија за населението во целиот свет“, вели Угур Сахин, директор на Бајонтек.

Експертите стравуваат дека новите варијанти на ковид-19 од Јужна Африка и Бразил би можеле да бидат поотпорни на постојните вакцини и третмани. Според сојузните податоци, повеќе од 300 случаи на јужноафриканската варијанта се откриени во повеќе од 25 држави во САД.

Вакцината е стопроцентно ефикасна во спречување на тешки форми на болеста, како што е дефинирано од Американскиот центар за контрола и превенција на болести, или 95,3 проценти ефикасна според дефиницијата на ФДА.

Во клиничките испитувања, немало сериозни причини за загриженост во однос на безбедноста на вакцината шест месеци откако примателите ја примиле првата доза, според двајцата производители.

Тие додаваат дека оваа вакцина е генерално подеднакво ефикасна без оглед на возраста, расата, полот, етничката припадност на примателот и без оглед на постојните медицински состојби на примателот на вакцината.

Студијата опфати повеќе од 900 потврдени случаи на ковид-19, од кои повеќето добиле плацебо.

Објавата на денес ажурираните резултати следи по одделната студија која потврди дека вакцината е безбедна и ефикасна кај деца на возраст од 12 до 15 години, отворајќи го патот производителот да побара одобрување и во САД и во Европа за вакцинација на таа возрасна група во наредните недели.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе