Нови неволји за поранешниот австриски канцелар: Обвинителството бара укинување на имунитетот на Курц

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц вчера даде заклетва како пратеник, а обвинителството за стопански криминал и корупција веќе бара од парламентот да го укине неговиот пратенички имунитет.

EPA-EFE

Обвинителството испратило барање за укинување на пратеничкиот имунитет за да може да продолжи истрагата против доскорешниот австриски канцелар поради обвинувањата за проневери и корупција.

Од пратеничката група на ОВП, чиј шеф е сега Курц, порачаа дека не само што ќе го поддржат тоа барање, туку се радуваат што е толку брзо испратено.

„Со тоа е биде овозможено брзо да се отфрлат сите обвинувања против Курц“, наведе пратеничката група.

Одобрение за продолжување на истрагата веројатно ќе биде дадено на една од следните седници на парламентот, бидејќи Курц во времето кога е обвинет за кривичните дела не бил пратеник, и тие не се поврзани со неговото пратеничко дејствување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе