Руското Министерство за одбрана денеска ги обвини украинските воени сили дека во последните 24 часа три пати го гранатирале комплексот на нуклеарната централа Запорожје.
Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом објави дека Русија го гранатирала комплексот на нуклеарната централа Запорожје, кој е под контрола на Русија.
„Во последните 24 часа руските војници повторно ја гранатираа областа каде што се наоѓа нуклеарната централа Запорожје. Во моментов се утврдува штетата“, објави Енергоатом во соопштението на Телеграм.
Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на локацијата така што повторно ги поттикна стравувањата од нуклеарна катастрофа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека светот за влакно избегнал катастрофа со радијација бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руското гранатирање во областа, ова тврдење Москва го демантираше.