„Тројца маскирани мажи украле возило и уфрлиле предмет“

Нови експлозии во Северна Ирска: Робот ја деактивирал бомбата (ФОТО+ВИДЕО)

Во Лондондери во Северна Ирска денес се слушна силна експлозија, набргу потоа и друга.

Полицијата денес затвори два одделни дела во градот за да испита два одделни случаи на украдени возила за потенцијални опасности, два дена по експлозијата на автомобил-бомба во градот.

Се слушна силна експлозија и излегуваше црн чад од првото комбе по уфрлувањето на специјалниот робот за деактивирање на бомби во возилото. Полицијата соопшти дека комбето било украдено од тројца маскирани мажи кои уфрлиле предмет во задниот дел пред да го напуштат на населена улица.

Друго комбе за испорака, било украдено подоцна во текот на денот од страна на четворица маскирани мажи, едниот од нив наводно имал пиштол, објави полицијата. Службениците евакуирале голем број домови, а на фотографиите твитувани од локалните новинари се гледа комбе од Ројал меил на сред празна улица.

„За жал, во рок од два часа денес, се справуваме со втора опасност во градот, што значи уште поголемо вознемирување за локалната заедница“, се вели во соопштението на полициската служба на Северна Ирска, пренесе Ројтерс.

Полицијата на твитер објави дека е извршена контролирана експлозија на украденото возило од страна на три маскирани лица.

Никој не беше повреден во експлозијата пред судот во саботата, но инцидентот ја истакнува заканата од милитантните групи кои се спротивставуваа на мировниот договор од 1998 година што во голема мера заврши со три децении насилство во провинцијата.

Би-би-си њуз објави снимка од моментот на експлодирањето на автомобилот-бомба во Лондондери, на која се гледа како млади луѓе поминале покрај возилото непосредно пред експлозијата.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе